14:00 - 15:30
  • Датум

    сабота, 2-ви Декември 2017

  • Време

    14:00 часот

  • Место

    Meeting room A+B (прв спрат)

Ве покануваме на работилница на винаријата Стоби, прва вертикала во историјата на винаријата, каде ќе имате можност да се запознаете со огромниот потенцијал на оваа винска сорта и да дегустирате вина од различни берби на Vranec Veritas. Станува збор за вина направени 100% од сортата вранец  и зреени во барици од 18 до 24 месеци. Грозјето е рачно набрано од одбрани парцели од сопствените лозови насади на винаријата, поточно од двата микролокалитети Аеродром и Рамниште, кои се наоѓаат во непосредна близина на винаријата во Градско. Vranec Veritas вината кои се избрани да бидат дел од оваа вертикала, во континуитет го потврдуваа својот висок квалитет, закитувајќи се со награди на најпрестижните меѓународни натпревари како Decanter i Mundus Vini.
Работилницата ќе ја води Андон Крстевски, главниот енолог на винаријата Стоби.

Листа на вина

  1. Stobi Vranec Veritas 2015
  2. Stobi Vranec Veritas 2013
  3. Stobi Vranec Veritas 2012
  4. Stobi Vranec Veritas 2011
  5. Stobi Vranec Veritas 2009
Андон Крстевски

Leave a Reply

Your email address will not be published.