-
Датум
сабота, 2-ри Декември 2017
-
Време
18:00 часот
-
Место
Meeting room A+B (прв спрат)
На овој Master Class ќе имате можност да се запознаете со едни од најретките примероци пенливи вина во светот и вина од амфора кои доаѓаат од Хрватска. Оваа дегустација ќе ја води Иво Козарчанин, познатиот хрватски вински новинар и критичар.
Листа на вина кои ќе бидат дегустирани
- PZ Vrbnik, Valomet, пенливо вино произведено со класичен метод, па спуштено во кафези во море на 30 метри длабочина. Оваа винарија беше прва во светот која го направи тоа пред десетина години.
- Adriatic Shell – одгледувач на школки од Паг (има извонредни димени дагњи) кој спуштил вина на некои свои пријатели во море покрај своите школки.
- Kos-Jurišić, Chardonnay 2015 од Зелина, Хрватска
- Crljenak (кратошија) 2014. Кралски лозови насади од околината на Задар
- Navis Mysterium, Plavac mali 2012 од Јањина на Пељешац одлежано две години во море
- Tomac, Pjenušac amfora 2010 – Првата винарија во светот која направила пенливо вино во амфора. Decanter го вбројува ова вино во 75-те највозбудливи вина за 2016 година и меѓу највозбудливите пенливи вина (во конкуренција со три шампањи и две англиски пенливи вина).
- Šember, Qvevri 2011 (Рајнски ризлинг) – Сензационално вино. На пазарот се појави во 2015 година и на Вински ѕвезди е прогласено на прво место од сите најдобро оценети бели вина на хрватскиот пазар.
- Kabola, Malvazija Amfora 2005 – прво вино од амфора на хрватскиот пазар.
Leave a Reply