Мисија, Визија и Цели

Почетна / Мисија, Визија и Цели
Скопски вински салон – Винодонија 2016

Визија

Интернационален и традиционален настан од изложбен и дегустационен карактер кој ќе се одржува секоја година со единствена цел да го зголеми бројот на посетители, винарии и вински критичари.

Мисија

Наша мисија се нашите клиенти како и секојдневните бизнис активности во нашата група. Ни’ причинува задоволство да им помогнеме на нашите клиенти да нивните производи добијат на видливост и да создадеме добри искуства, поврзани со дегустирање, уживање и забава, или пак навремено да ги извршиме планираните активности и одржиме одлични односи со клиентите.

Како експерти за македонските вина и преку широката мрежа на производители на квалитетно вино,  да им обезбедиме на нашите клиенти пристап до најдобрите вина во како од регионот така и од светот.

Цели

Да се постави виното на место кое го заслужува и да излезе од сенка, како преку подеднаква презентација на производителите на вино, кои се фокусираат на квалитет, експресија на тероар, така и преку одговорно конзумирање

Создавање на винска публика која ќе ги цени квалитетните вина, како и ширење на винската култура преку едукативни презентации на вината и позиционирање на виното како придружник на храната

Поврзување на потенцијалните увозници на вино и постоечките дистрибутери во регионот, како и Хорека сегментот

Промовирање на винскиот туризам во регионот и можностите за негово подобрување

Размена на знаење и новости помеѓу странските и домашните винарии

Преставување на вината на интернационалните вински судии