Почитувани,
Ве покануваме на Прес конференција по повод одржувањето на првиот Скопски вински салон – Винодонија 2016, организиран од група вински консултанти, судии и ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, кој ќе се одржи на 11-ти и 12-ти ноември (петок и сабота) во Хотел Мериот Скопје.
Прес конференцијата ќе се одржи на 9-ти ноември во 11:00 часот, во Хотел Мериот – Ballroom 2 (втор кат).
На Прес конференцијата ќе се обратат Звонко Херцег (директор на Скопски вински салон – Винодонија 2016), Ивана Симјановска и Александар Вучковски (проект координатори).
За повеќе информации за Скопскиот вински салон – Винодонија 2016, посетете ја нашата веб страница www.vinodonia.mk.
Срдечен поздрав,
Тимот на Винодонија