Пробудете ја винската страст, денеска почнува „Винодонија 2016“

Пробудете ја винската страст, денеска почнува „Винодонија 2016“

Започнете го викендот со патување во земјата на виното. За прв пат во Македонија се одржува едуактивен настан кој е посветен на виното, винариите, винската култура и љубителите на вино.

Денеска (петок) и утре (сабота), винските љубители и ентузијасти ќе може да уживаат на првиот Скопски вински салон – Винодонија 2016, кој ќе се одржи во хотел Мериот во центарот на Скопје.

Винодонија ве води во вински пејсаж насликан со вкусовите од над 250 различни вина произведени од над 30 винарии од земјава и регионот.

Не пропуштајте вашата винска страст да кулминира со едно неповторливо искуство на првиот вински настан во Македонија каде се спојуваат едукуцијата и дегустацијата на пијалокот на боговите, каде на професионален начин ќе може да се ужива во спарување на храна и вино, уметноста на чоколо и вино, да се ужива во врвните вкусови на пенливите Просеко и Шампањ, да се биде дел од отворени работилници за винскиот маркетинг и за тоа како да се зголеми продажбата на виното од страна на ХоРеКа секторот.

Цената на еднодневна влезница за првиот Скопски вински салон – Винодонија чини 490 денари со која имате можност да дегустирате над 250 различни вина од 30 винарии, кои ќе бидат изложувачи на настанот.

За повеќе информации посете го официјалнит веб сајт на салонот www.vinodonia.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.