Александар Вучковски е дел од винската индустрија повеќе од десет години. Има организирано многу вински дегустации и предавања на тема вино, ревносно промовирајќи ги македонските вина и винарии на саеми и вински настани во Европа. Тој беше основач и уредник на Wine Spirit, првото винско списание во земјава, чија цел беше да се промовира винската култура во Македонија.

Александар е ко-основач и претседател на Здружението на сомелиери на Република Македонија и бренд менаџер на Фантинел, италијанска винарија која е една од попознатите производители на просеко.

Socials