Aleksandra Ristova

 

Александра има 10 годишно работно искуство во винаријата Тиквеш, каде што ги има поминато сите нивоа на организациската структура во секторот производство, од првата позиција како технолог во одделот “Полнилница“ до раководител на одделот “Примарна преработка“.

Континуирано работи на зголемување на своето знаење преку посета на вински саеми, работилници и обуки (WSET) и во исто време одржува обуки во рамки на интерното подигнување на знаење во винаријата. Во текот на изминатите неколку години Александра беше дел од работната група за развивање на географска ознака во македонската винска индустрија преку искуство во регионите Côtes du Rhône во Франција и Tuscany во Италија. Има стекнато меѓународно искуство и во учество во берби на други региони во светот како во 2011-та во регионот Victoria во јужна Австралија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.