Андон Крстевски

Главен енолог во винарија Стоби

Andon slika2

Андон Крстевски е енолог и технички директор во винаријата Стоби во Градско. Своето образование по Биохемија и енологија го стекнал на универзитетот “Bordeaux 2“  во Бордо и институтот IUVV Jules Guyot во Дижон, Франција каде се стекнал со Национална Диплома по енологија.

Потоа следи повеќегодишно меѓународно работно искуство како енолог во повеќе винарии во Франција, Нов Зеланд и Швајцарија. Андон има работено како асистент енолог во винариите Mount Riley на Нов Зеланд, познатата винарија Château Pape Clément во Бордо, во Domaine des Muses (Сиере, Швајцарија) и Domaine Moine-Champ (Бургундија, Франција).

Со своето разнолико искуство се вбројува помеѓу најдобрите експерти во Македонија за вино и винска култура.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.