Данијела Радеч

Претседател на Националното здружение на сомелиери и Винската академија на Црна Гора

Danijela Radic

 

Данијела Радеч, претседателка и основач на националното Здружение на сомелиери на Црна Гора и Винската академија на Црна Гора, земјоделски инженер и несуден новосадски постдипломец – отсек органско земјоделство, родена е на Косово во среќните седумдесетти години. Професионалниот ангажман во општина Подгорица ја враќа на својата прва љубов – виното и винската култура. Низ курсеви во познати странски дегустаторски куќи, во присуство на еминентни предавачи, во 2007 година е промовирана во вински дегустатор, одговорна за квалитетот на новите црногорски вина на пазарот. Позната и во стручната јавност призната дегустаторка на црногорското винско небо, по низа семинари завршува обука за сомелиер и го основа Националното здружение за сомелиери на чие чело стои од 2011 година, а во 2016 година ја формира и Винската академија на Црна Гора која работи по WEST стандарди. Со музика и вино веќе седум години по ред успешно ја организира меѓународната манифестација Монте Вино. Живее во Подгорица каде за леб заработува несебично делејќи го своето знаење како советник за земјоделство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.