Ивана е дел од винската индустрија од 2007та година, почнувајќи како еден од основачите и членови на управниот одбор на првиот Македонски вински клуб, чија дејност организирање вински дегустации и промовирање на винската култура во Македонија. Ко-автор е и издавач на првиот Македонски вински водич 2011 кој го пишува заедно со Дејв Влам, а вториот Македонски вински водич 2015 го пишува со Пол Капуто.

Денес, Ивана е интернационален вински писател, критичар и судија, и има учествувано на едни од најпрестижните вински натпревари во Европа како Concours Mondial de Bruxelles, Terravino, The Balkans International Wine Competition и многу други. Редовно држи предавања на многу вински саеми и фестивали низ Европа, каде ги промовира македонските вина.

Пишува за неколку списанија чија главна тема е виното, главен уредник е на www.vino.mk, првиот вински портал во Македонија, амбасадор на асоцијацијата #winelover, работи како специјалист за вински туризам во агенцијата Macedonia Experience. Ивана редовно пишува и на својот блог www.ivanasimjanovska.com

Socials