Ivo Kozarchanin

 

Роден сум во 1964 година во Загреб, а живеам во Самобор. Во виното се вљубив од рана возраст покрај мојот татко кој се вика исто така Иво, винар аматер кој ме научи да го почитувам виното. Во почетокот на деведесеттите години од минатиот век почнав да пишувам за виното во Вечерни лист. Имам објавено повеќе од илјада написи за вино во Јутарни лист, Пословни дневник, Лидер, Ичи и пичи, Кафе, на порталите podroo.net и gastro.24sata.hr… Од 2007 година имам винска колумна во 24сата, весник во кој работам како уредник, а од 2010 година го пишувам и blog.vino.hr. Имам положено испит од прво ниво за сомелиер. Со колегите Жељко Сухадолник и Витомир Андриќ ја организирам манифестацијата Вински ѕвезди, која е најопсежното и најстрого оценување на вина во Хрватска. Оценувам вина на Националното оценување Вина Кроација, на оценувањето во Загрепска жупанија, Винистри, Фестивал на грозјето, а исто така и на меѓународни натпревари како Мувина во Прешов, Словачка, потоа Portugieser de Mond  во Печух и IceWine du Monde во дворецот Леднице во Чешка. Секоја голтка вино ми отвора врата на некој нов свет. Ми се чини дека што повеќе учам за виното, толку помалку знам. И затоа и понатаму учам и се држам до мотото дека без храна може да се издржи четири седмици, без вода четири дена, а без вино до четири часот попладне.

Leave a Reply

Your email address will not be published.