klime_beleskiПроф. Д-р Климе Белески е редовен професор на Земјоделскиот институт во Скопје и има докторат за лозарство на истиот институт. Тој има дваесетгодишно искуство во истражување и развој во областа на лозарството, климатските промени во лозарството, органско лозарство и интегрирано управување со штетници. Покрај неговото обемно работно искуство на Земјоделскиот институт во Скопје, тој исто така има и меѓународно работно искуство на ИНРА институтот во Тулуз и Бордо, Франција како  визитинг научник, како и во Италија и Израел. Дополнително, тој е член на Регионалната експертска работна група за вино во југоисточна Европа.