Sandra

 

Сандра Георгиевска е главен енолог во винарија Kamnik. Универзитетското образование и додипломски студии ги има завршено 2008та година на УКИМ Факултетот за замјоделски науки и храна во Скопје. Својот дипломски труд го има изработено во рамки на винарија Сковин, кадешто го започнува и своето работно искуство. 2010 година продолжува со магистерски студии на Институтот за лозарство и винарство во областа на енологијата, а магистерскиот труд го изработува во винарија Камник каде и што продолжува да работи. Во 2013та година работно претстојува на Нов Зеланд, регион Marlborough, со работни активности и берба за винарија Delegat’s Wine Estate Limited. Следуваат континуирани посети на саеми, научни работилници и семинари од областа на енологијата и винскиот маркетинг во Франција, Германија, Англија и други места.

Leave a Reply

Your email address will not be published.