Nikola Kuzmanovski

 

Со диплома се има стекнато во Пловдив, Република Бугарија и две години по тоа добива статус магистер по енологија на ФЗНХ, Р. Македонија, каде што изработува магистерски труд за Management of oxygen во различни фази во процесот на производство на вино и негово одлежување.

Има работено како асистент енолог во винарија ПЕШТЕРА, Р. Бугарија, како супервизор во оддел за филтрација во винарија Robertson, Јужна Африка. Две години има работено во две различни винарии во Нов Зеланд, Indevin и Delegat’s Wine Estate Limited каде што потоа е активно вклучен во неколку проекти за начини на производство на Совињон Бланк. Учествува во кампанските берби во винарија Domaine Lepovo. Континуирано го надградува своето знаење преку посета на вински саеми, работилници и обуки (Wine and Spirits educations trust Level 2/Level 3). Член е на Здружение на енолози на Република Македонија (Macedonian Winemakers) и е вклучен во дегустации, оценувања и презентации од областа на еногијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.