zhercЗвонко Херцег е вински експерт, но пред се страствен вљубеник во виното, кој својата приказна во светот на виното и жестоките пијалаци отпочнува да ја пишува во 1995та година со основање на компанија за големопродажба на вина и жестоки пијалаци. Своето стручно усовршување го стекнува на престижното лондонско училиште WSET-Wine & Spirit Education Trust и тоа ниво 2 во Фиренца, ниво 3 во Бордо и ниво 4 во Лондон.

Пасиониран вински патник кој смета дека за целосно доживување на некое посебно вино е дека е неопходно да се посети неговиот автохтон тероар, па така бележи посети на винарии и професионални дегустации на повеќе светски вински региони, од Канарските острови преку Португалија, Шпанија, Франција, Италија,…до својата родна Македонија

Уредник и писател на винскиот блог www.terroir.mk, основач и член во одборот на Здружението на Сомелиери на Република Македонија.
Несебичен во споделување на знаење и искуства, со широко подадена рака кон секој кој сака да влезе во магичниот свет на вината и жестоките пијалаци

Socials