Прв едукативен вински настан во Македонија – „Винодонија 2016“

Љубителите на доброто вино и трговците со вино ќе се соберат на првиот скопски вински салон „Винодонија 2016“ кој ќе се одржи на 11-ти и 12-ти ноември во хотелот Мериот во Скопје. Настанот го организира група вински консултанти, судии и ентузијасти. Целта е да се подигне винската култура и да се промовираат одредени вински региони.

Повеќе од 30 винарии од земјава, од Балканот и Европа ќе ги презентираат своите производи.

– Ние уште важиме за некој егзотичен регион, доста непознат за светските вински региони, така да сметаме дека ќе има двосмерна релација и добар бенефит и за нашиот регион кој преку тие светски винарии на некој начин ќе ја продолжат прикаската надвор, во странство. – Александар Вучковски, претседател на Здружението на сомелиери на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.