Стево Орашанин, менаџер на винаријата „Звонко Богдан“: Кај вината не постои конкуренција

Во рамките на првиот Скопски вински салон – Винодонија 2016 кој се одржа викендов во хотелот Мериот, меѓу другите винарии, своите вина ги претстави и винаријата на Звонко Богдан, легендата на војводинската шансона кој, како што вели во едно свое интервју, всушност и не пие, но пробал по една голтка од секое свое вино.

stevo-orasanin

Винаријата која го носи името на Звонко Богданзаедно со вината кои се насловени по неговите песни „8 Тамбураши“ и „Живот тече“, е веќе позната ширум просторите на екс Југославија. Винаријата се наоѓа на Палиќ, веднаш до Суботица, 500 м источно од Палиќко езеро, Војводина. Наскоро вината од оваа винарија ќе ги има и во Словенија и во Македонија, единствените две држави од бивша Југославија кадешто се уште не се продаваатКако вовед во ова, Стево Орашанин, менаџер на винаријата, во разговор за „Арт кујна“ ги претстави нивните винакои иако се на винската сцена само пет години веќе го обезбедиле своето место и углед во самиот врв на светската винска сцена. Инаку, првото вино од оваа винарија излегло во 2010 година и тоа било виното Мерлот од 2008-ма година, а ова е веќе трета година по ред виното насловено како „Живот тече“, по истоимената на Звонко Богдан, во Прага е крунисано со златен медал

За да бидат најдобри, вели Орашанин, учеле од најдобрите. Искуството од неколку стотини винарии во Франција, Америка, Австрија и Германија, со чии сопственици и енолози се советувале, не им оставиле многу простор за размислување, па се одлучиле за најсовремената технологија.

vinarija-zvonko-bogdan

Она по што оваа винарија се разликува од другите, е тоа што можеме да се пофалиме дека сме една од ретките на овие простори која не купила ниту еден грозд грозје, туку користиме само грозје од сопствените винарии, а имаме и своја фабрика за вода за да се оневозможи водата да влијае врз квалитетот на виното. Се е подредено на тоа да се добие колку е можно подобар квалитет и целата винарија е автоматизирана. Во моментов располагаме со 65 хектари од кои од 2015 година добивме 340 илјади шишиња“, вели Орашанин.

Што се однесува до македонските вина, господин Орашанин има позитивни оценки за нивниот квалитет и за вкусот, но ниту во нив, ниту во било кои други вина, не гледа конкуренција затоа што смета дека секое вино има свој купувач. Дури и кога две вина се со еден ист квалитет, секогаш постои некој кој ќе го преферира едното или другото вино, вели тој.

Вината од нашата винарија можат да се најдат во цела бивша Југославија со исклучок на Словенија и Македонија, но се надевам дека во текот на следните месеци ќе ги има и во Словенија и во Македонија и ние ќе бидеме една од ретките мали винарии кои ќе бидат присутни на целото подрачје на екс ЈУ“, најавува Орашанин.

Leave a Reply

Your email address will not be published.