Вински салон за прв пат во Македонија – Нова Биз

novabiz

Она што е традиција во соседството, да не зборуваме во поразвиените земји каде што се одгледува винова лоза и се произведува вино, на 11ти и 12ти ноември за прв пат ќе се одржи во Скопје. Вински салон со интернационален карактер. Учество ќе земат повеќе од 20 винарии од земјава и странство. Поразговаравме со дел од организаторите, директорот на салонот Звонко Херцег и меѓународната винска судијка Ивана Симјановска. Слушнете со каква цел се одржува и до каде со подготовките.

– Вакви салони обично одат со развој на самиот регион. Ние, можеби доцниме, можеби не баш толку, затоа што овој регион беше пропознаван до пред една деценија како регион за производство на наливни вина, и кога имаме такво производство и таква перцепција, автоматски нема простор за ваков тип на настан. Меѓутоа, последниве години нашиве вина земаат големи награди надвор во светот, регионот се препознава веќе не како за наливни вина, него регион за фини вина, така да се створи една атмосфера каде што може да се организира еден ваков вински салон, на кој би можеле да дегустираат посетителите, да споредат разни типови на вина итн.

Со каква цел се организира настанот?

– Значи целта на скопскиот вински салон е со цел најпрво да го зголемиме нивото на винска култура во земјава, понатаму да го донесеме оној интернационализам кога се работи за виното во Македонија и наменет е за сите вински љубители, луѓе кои што се веќе во трговијата со вино, да дојдат, да посетат еден сосема поинаков пристап до она што го викаме значење на виното, затоа што сепак Македонија е винска земја.

По што би се издвоил винскиот салон од останатите настани кои се организираат во чест на виното?

– Па еве како што споменав во тој истиот контекст, значи овој вински салон треба да претставува дегустација со едукативен пристап, значи ќе се одржат и работилници, предавања, каде што преку тој едукативен пристап ќе се допре до виното, ќе се допре до самите посетители и љубители на виното. За разлика од другите настани што се случуваат тука, што треба да ги има секако, каде што се повеќе настани од забавен карактер, каде што придружник е виното, на овој настан виното е главно.

Каков е интересот од страна на македонските винарии да земат учество?

– Македонските винарии од самиот почеток го поддржаа овој настан, затоа што сите очекуваа ваков настан конечно да се случи во Македонија, така да имаме комплетна поддршка од нив.

Која ви е таргет групата, поканата до кого е упатена за учество на винскиот салон?

– Поканата е отворена за сите, нема конкретно за кого, значи може да бидат и професионалци и може да бидат и тотални лаици да кажеме, да се запознаат со вината.

Пиењето вино е ритуал. Не ја пропуштајте можноста да дегустирате повеќе видови на вино на едно место во рамки на првото издание на винскиот салон во Скопје кој се надеваме ќе премине во традиција.

Повеќе на: https://www.facebook.com/events/631869753658250/

Leave a Reply

Your email address will not be published.