За нас

Почетна / За нас

Организатор на Скопски вински салон – Винодонија е група на вински ентузијасти и љубители на вино, едукатори, вински судии и влијателни личности во винската индустрија во Македонија и Здружението на сомелиери на Република Македонија БРИКС.

Здружението на сомелиери е здружение чии членови се пред се’ вински ентузијасти и љубители на вино, едукатори, вински судии и влијателни личности во винската индустрија во Македонија и пошироко. ЗСМ е национално и невладино здружение кои работи по програма на една од најважните и најголемите сомелиерски асоцијации во светот, италијанската АИС (Associazione Italiana Sommelier).

Ова преставува еден вид на мост помеѓу винариите и крајните конзументи во угостителско- туристичкиот сегмент кој што резултира со главната мисија: подигање на квалитетот на услугата во угостителството како и развој на винската култура преку квалитетен вински сервис, правилен избор на фини вина, спарување со храна, во насока на една взаемна корист и за винариите, преку професионално преставување на нивните вина, но и за конзументите преку дополнителна грижа околу нивниот вистински избор. Алка која долго време недостасува во македонското угостителство.

Едукација на угостителско- туристичкиот персонал за виното и неговата магија е една од суштинските цели на Здружението на сомелиери на Македонија, која подоцна тие би ја пренеле на своите гости, а е со цел за попрофесионално и попрофитно работење.

Ивана Симјановска
Проектен менаџер на Скопски вински салон, Интернационален вински судија

Ивана Симјановска

Александар Вучковски
Проектен менаџер на Скопски вински салон, Претседател на Здружение на сомелиери на Македонија

Александар Вучковски

Дејан Донев
Проектен менаџер на Скопски вински салон, Вински советник

Дејан Донев