ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Вински салон викендов во Скопје

Првиот Скопски вински салон- Винодонија 2016 ќе се одржи овој викенд, на 11 и 12 ноември, во новоотворениот хотел Мериот во центарот на Скопје. Ваков настан, кој е посветен на виното, винариите, винската индустрија и љубителите на вино, за прв пат се случува во Република Македонија.

vinodonija1

Скопскиот вински салон е интернационален настан со изложувачки карактер кој ќе се одржува секоја година со намера да се зголеми бројот на винарии, вински авторитети и нивото на винската култура во Македонија.

Повеќе од 30 винарии од земјава, како и од Балканот и Европа ќе ги презентираат своите вина.

– Винскиот салон е од едукативен карактер и неговата цел е да се подигне винската култура и дополнително да се развие винскиот регион. Во негови рамки е предвидено и одржување на 10-тина работилници на кои, меѓу другото, ќе се говори и за концептот на спојување вино и храна, рече Звонко Херцег, директорот на Скопски вински салон – Винодонија 2016 на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека се очекува во иднина Винодонија да прерасне во традиционален вински салон.

vinodonija-1

Александар Вучковски, претседател на Здружението на сомелиери на Македонија, прецизира дека на винскиот салон ќе се претстават девет странски винарии од Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Италија со автохтони сорти вино од тие региони, како и повеќе домашни македонски семејни винарии и веќе етаблираните големи винарии.

– Македонија како винска земја залужува поинаков пристап кон виното, односно да дегустурате квалитетно вино и истовремено да добиете информации од произведувачите, рече Вучковски.

Ивана Симјановска, интернационален вински судија, посочи дека ќе има дегустации на просеко и шампањ, спарување на вино и чоколада, предавања за вински маркетинг и како да се зголеми продажбата на вино во ХоРеКа секторот.

Организатор на Скопскиот вински салон- Винодонија 2016 е група на македонски вински критичари, судии и ентузијасти кои под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија го организираат овој вински настан.

Скопскиот вински салон е настан е наменет за трговци со вино, вински ентузијасти и вистински љубители на доброто вино.

Погледнете ја програмата, посетете го првиот Скопски вински салон- Винодонија 2016 и уживајте.

ПРОГРАМА

ПЕТОК, 11 НОЕМВРИ 2016

13:00 – 14:00 Отварање на настанот
14:00 – 16:00 Ексклузивен термин наменет за B2B средби
16:00 – 20:30 Отворено за посетители

САБОТА, 12 НОЕМВРИ 2016

13:00 – 20:30 Отворено за посетители

Влезниците може да се купат во Хотел Хериот, пред самиот влез на салонот.

Цената на еднодневна влезница за првиот Скопски вински салон – Винодонија чини 490 денари со која имате можност да дегустирате над 250 различни вина од 30 винарии, кои ќе бидат изложувачи на настанот.

За повеќе информации посете го официјалнит веб сајт на салонот www.vinodonia.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.