
Александар Вучковски
Сомелиер
Здружение на сомелиери на Република Македонија
Александар Вучковски е сомелиер и консултант во областа на маркетингот и комуникациите во винскиот сектор. Неговото професионално искуство во угостителството започнува со работа на прекуокеански крузери, каде што поблиску се запознава со сомелиерството и со светската винска култура.
Како дел од организацискиот тим на Винодонија, активно учествува во претставувањето на домашните и странските вина и во развојот на едукативната програма на салонот. Низ годините води мастеркласови и дегустации посветени на вински сорти, различни стилови вина и нивното спарување со храна.
Преку предавања и водени дегустации, Александар го споделува своето знаење со винските професионалци и со љубителите на виното, приближувајќи им ги приказните за сортите, регионите и луѓето зад секоја чаша.
