Vinodonia Masters

Работилница

Сите лица на Пино Гриџо

Вино кое лесно освојува

Датум и час
Локација
Skopje Marriott Hotel
Сала
Meeting Room D

600 ден

Цена по лице

Достапни места: 24

Билетот важи само за оваа работилница. Не вклучува влез на главната изложбена и дегустациска програма на Винодонија.

За работилницата

Вино кое лесно освојува

Ве покануваме на мастерклас посветен на Пино Гриџо — една од најпопуларните вински сорти на светската винска сцена.

Зошто ова вино толку лесно освојува? И колку различни лица може да покаже во чашата?

Во првиот дел, проф. д-р Климе Белески од Земјоделскиот институт во Скопје ќе нè запознае со потеклото и ампелографските карактеристики на сортата. Ќе дознаеме повеќе и за климата и тероарот, како и за нивното влијание врз препознатливиот сензорен идентитет на Пино Гриџо.

Во вториот дел, сомелиерот Александар Вучковски ќе нè води низ споредбена дегустација на шест вина од сортата Пино Гриџо, кои доаѓаат од различни региони и држави и се произведени во различни стилови.

Заедно ќе ги откриваме нивните сличности и разлики, а ќе се осврнеме и на комерцијалниот успех и маркетиншкиот потенцијал на оваа популарна сорта.

Информации за работилницата

Датум: четврток, 12 ноември 2026 година
Време: 17:30 часот
Локација: Skopje Marriott Hotel, Meeting Room D
Дегустација: шест вина од сортата Пино Гриџо
Цена: 600 денари
Капацитет: 24 места

Бројот на места е ограничен. Обезбедете ја вашата влезница онлајн.

Што ќе научите и дегустирате?

  • Потекло и ампелографски карактеристики на сортата
  • Влијанието на климата и тероарот
  • Споредбена дегустација на шест вина
  • Комерцијален и маркетиншки потенцијал

Дегустација · 6 вина

Сорти
Пино Гриџо

Предавачи

Проф. д-р Климе Белески

Проф. д-р Климе Белески

Редовен професор

Земјоделски институт, Скопје

Проф. д-р Климе Белески дипломирал во 1993 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје, а магистрирал исто така на Земјоделскиот факултет во 1999 год., на тема: „Производни особини на одделни клонови од некои сорти винова лоза во Република Македонија”. Докторирал во 2006 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на тема со наслов: „Ботанички, агробиолошки и технолошки карактеристики на сортите винова лоза (Vitis vinifera L.) од балканската подгрупа (subconvarietas balcanica Negr.)”. Од 1999 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во Одделението за лозарство. По магистрирањето во 1999 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2006 година е избран за доцент. Во 2011 е избран за вонреден професор, а во 2016 година, за редовен професор. Во периодот од 2011 до 2019 година бил директор на институтот.

Денес проф. Белески е редовен професор во Одделението за лозарство.

Научно истражување остварува во областите: ампелографија, генетика и селекција на винова лоза, генетски ресурси од винова лоза, органско растително производство и современи технологии во лозарско производство.

Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Ампелографија, Органско и биодинамично производство на лозови култури, Органско и биодинамично производство на грозје и вино, Производни практики и проценка на квалитет на органското производство.

Александар Вучковски

Александар Вучковски

Сомелиер

Здружение на сомелиери на Република Македонија

Александар Вучковски е сомелиер и консултант во областа на маркетингот и комуникациите во винскиот сектор. Неговото професионално искуство во угостителството започнува со работа на прекуокеански крузери, каде што поблиску се запознава со сомелиерството и со светската винска култура.

Како дел од организацискиот тим на Винодонија, активно учествува во претставувањето на домашните и странските вина и во развојот на едукативната програма на салонот. Низ годините води мастеркласови и дегустации посветени на вински сорти, различни стилови вина и нивното спарување со храна.

Преку предавања и водени дегустации, Александар го споделува своето знаење со винските професионалци и со љубителите на виното, приближувајќи им ги приказните за сортите, регионите и луѓето зад секоја чаша.

Информации за билетот

Вклучено во цената

  • Учество на мастеркласот
  • Водена дегустација на шест вина

Купување и испорака

  1. Изберете број на билети, кликнете „Купи влезница“ и продолжете кон плаќање во кошничката.
  2. По потврдено плаќање, проверете ја е-поштата внесена при нарачката, вклучувајќи ја папката за несакана пошта.
  3. На влез покажете го електронскиот билет на телефон или испечатена копија, со видлив код за скенирање.