Во долината на винската среќа – Дегустација на вина од северна Рона, Франција

0 out of 5

1,000.00 ден

13. декември 2024. – 15:00 ч.

Skopje Marriott Hotel
Meeting Room D (прв кат)

Цена: 1000 ден.

Опис

За долината Рона најчесто велат дека е третиот вински адут на Франција по Бордо и Бургундија, но оние поискусните вински вљубеници всушност мислат дека таа е нејзиниот прв адут. Најчесто во сенка на првите два региони, долината Рона е царство на врвни црвени вина, посебно нејзиниот северен дел кој што е дом на некои од најскапите вински брендови во светот. Уникатниот тероар на северна Рона на оваа презентација ќе биде претставен преку винските бисери на винаријата Paul Jaboulet Aîné, која што од неодамна е присутна на македонскиот вински пазар благодарение на ексклузивната винотека Grand Cru by Wine.mk. Не ја пропуштајте оваа ексклузивна прилика да пропатувате низ прекрасните ридови на северна Рона и нејзините познати подрегиони Côte Rôtie, Cornas, Condrieu, Hermitage, Crozes-Hermitage низ кои ќе ве води сомелиерот Александар Миливојевиќ и да пробате 6 врвни вина кои се дел од реномирани светски вински карти.

Предавач: Александар Миливојевиќ, сомелиер

13. декември 2024. – 15:00 ч.

Skopje Marriott Hotel
Meeting Room D (прв кат)

Цена: 1000 ден.