СКОПСКИ ВИНСКИ САЛОН · ЈУБИЛЕЈНО 10. ИЗДАНИЕ
Винодонија 2026 Десет години винска страст!
Повторно заедно, таму каде што виното ги поврзува луѓето.
На 13 и 14 ноември, Skopje Marriott Hotel повторно станува центар на винската култура, домаќин на јубилејното десетто издание на Скопски вински салон – Винодонија 2026.
Ве покануваме на винско доживување кое ги обединува извонредните вински приказни, новите откритија и луѓето кои ја споделуваат страста кон виното.
Откријте ја Винодонија
Откријте извонредни вина од Македонија и странство, запознајте ги винарите, истражете различни вински региони, сорти и стилови и уживајте во атмосфера исполнета со вкусови, разговори и нови пријателства.
Без разлика дали сте искусен познавач или едноставно уживате во чаша добро вино, Винодонија е место каде што секој може да открие нешто ново.
Изберете го вашиот ден
Петок, 13 ноември 2026
Електронска влезница со QR-код и PDF на вашата е-пошта по успешно купување.
Погледни кошничкаШто вклучува влезницата?
Вински салон
Влез на Скопски вински салон – Винодонија 2026.
Дегустации на вина
Дегустација на вина од Македонија и странство, претставени од винариите учесници.
Средби со винарите
Можност за директна средба и разговор со винарите, запознавање со нивната работа и винска филозофија.
Вински откритија
Истражување нови вински региони, сорти и стилови и откривање на приказните зад секое вино.
Музичка програма
Винско доживување во ритамот на внимателно избрана музика, со DJ сетови и настапи во живо.
Гастро корнер
Уживање во гастрономски специјалитети и внимателно избрани вкусови од гастро изложувачите.
Информации за настанот
- Датум
- 13 и 14 ноември 2026
- Време
- 16:00–22:00 часот
- Локација
- Skopje Marriott Hotel, Ballroom 1 & 2, Скопје
Вашата електронска влезница
По успешно купување ќе добиете електронска влезница со уникатен QR-код на вашата е-пошта, како и PDF-верзија.
На влезот доволно е да го покажете QR-кодот од вашиот телефон. Не е потребно печатење.
Влезницата важи за едно лице и за еден избран ден. За посета на двата дена потребна е посебна влезница за секој ден.
Споделете ја Вашата винска страст!
Доживејте ја атмосферата на Винодонија
Погледнете дел од атмосферата на Винодонија 2024 и почувствувајте ја магијата на винските средби, вкусовите и моментите што се паметат.