Скопски вински салон · Јубилејно 10. издание

Винодонија 2026 за медиумите

Пријавете ја вашата екипа за известување од салонот или преземете ги официјалните материјали за објава.

13 и 14 ноември 2026 · 16:00–22:00 часот

Skopje Marriott Hotel · Ballroom 1 и 2

Официјална вертикална креатива 4:5 за јубилејното 10. издание на Винодонија 2026

Прес акредитации

Секоја редакција може да пријави најмногу две лица со една пријава. Изберете петок, 13 ноември, или сабота, 14 ноември. Избраниот ден важи за целата екипа.

Ќе ви одговориме на е-поштата наведена во пријавата. Ако ја одобриме акредитацијата, со потврдата ќе ги добиете и инструкциите за влез.

Редакција

Лице за контакт од редакцијата

Екипа

Прв член
Ден на присуство

Организаторот ги користи внесените податоци за обработка на пријавата и комуникација околу акредитацијата. Политика за приватност

Материјали за објавување

Подготвувате најава, прилог или објава за социјални мрежи? Тука се официјалните материјали за Винодонија 2026. Достапни се и за редакции што нема да присуствуваат на салонот.

Готова најава за портал

Десет години винска страст: Скопје се подготвува за јубилејната Винодонија 2026

На 13 и 14 ноември, следниот петок и сабота, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи јубилејното десетто издание на Скопскиот вински салон – Винодонија 2026, кое на едно место ќе обедини над 450 вински етикети од 50 македонски и странски винарии. Посетителите ги очекуваат два дена исполнети со врвни вински доживувања, едукативни работилници, средби со винари и музика во живо.

Десет години Винодонија е место на кое љубовта кон доброто вино создава пријателства, инспирира нови вински откритија и поврзува луѓе со заедничка страст. Во изминатата деценија, Скопскиот вински салон прерасна во препознатливо винско случување, посветено на промоцијата на винската култура и непосредната средба меѓу производителите и публиката.

Со над 450 вински етикети од 50 македонски и странски винарии, јубилејната Винодонија ќе понуди раскошна палета на ароми, вкусови и вински стилови. Покрај богатството на македонските виногорја, посетителите ќе имаат можност да дегустираат внимателно избрани вина од Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Грузија, Црна Гора, Унгарија и други земји. Од веќе омилените етикети до новите вински откритија, салонот ќе биде можност за непосредни средби со винарите и запознавање со умешноста, посветеноста и инспирацијата што стојат зад нивните вина.

Посебно место во програмата има винската едукација, преку специјализирани работилници и тематски предавања.

На 12 ноември, програмата ќе започне со работилницата „Во светот на винските меурчиња“, посветена на пенливите вина, со споредбена дегустација на шест вина и запознавање со стиловите на шампањ, кава, креман и просеко. Ќе следува мастеркласот „Сите лица на Пино Гриџо“, на кој проф. д-р Климе Белески и сомелиерот Александар Вучковски ќе ги претстават потеклото, винските стилови и разновидноста на оваа сорта преку дегустација на шест вина од различни региони. Истата вечер е предвидено и интерактивното предавање „Зачувајте го срцето, заштитете го умот“, со д-р Емилија Лазарова и д-р Весна Јорданова, посветено на современите медицински сознанија и митовите поврзани со виното и здравјето.

На 14 ноември, винската публика ќе има можност да ја открие Грузија, земјата со околу 8.000 години винска историја. Мастеркласот „Грузија – Винска земја со 8.000 берби“, под водство на сомелиерот Рамази Инаишвили и енологот Кристина Анѓелкова, ќе понуди дегустација на шест грузиски вина и запознавање со древната техника на производство во традиционалните глинени садови – квеври.

Истражувањето на светските вински региони ќе продолжи со мастеркласот „Винска авантура низ Шпанија“, на кој сомелиерот Александар Миливојевиќ ќе претстави седум вина од седум шпански винарии, откривајќи го богатството на Риоха, Приорат, Рибера дел Дуеро и други значајни вински области. Едукативната програма ќе биде заокружена со „VRANEC TERROIR“, ексклузивна вертикална дегустација на различни берби од винаријата „Камник“, преку која енологот Сандра Георгиевска и сомелиерот Јане Неданоски ќе го претстават влијанието на тероарот и времето врз созревањето и развојот на вранецот.

Музиката ќе внесе дополнителна префинетост во јубилејното винско доживување. На 13 ноември, во петок, првата вечер на Винодонија ќе биде збогатена со настап во живо на Hot Jazz Orchestra, чиј музички израз ќе ги спои топлината на џезот, елеганцијата на гудачките инструменти и задоволството од доброто вино.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на Иво Солдатовиќ на кларинет, Бојан Петков Шамба на џез-гитара, Филип Динев на класична гитара и Пенче Кралев на контрабас. Четворицата музичари ќе создадат музички амбиент во кој винските дегустации, дружењето и џез-ритмите природно ќе се надополнуваат.

Со своето јубилејно десетто издание, Винодонија продолжува да ја негува идејата дека винската култура се развива преку знаење, споделување искуства и средби меѓу луѓето кои го сакаат и го создаваат виното.

„Веќе десет години уживаме во доброто вино, создаваме пријателства и споделуваме убави моменти. Ги покануваме сите што биле дел од нашата приказна, како и винските љубители со кои допрва ќе се запознаеме, да го прославиме овој јубилеј заедно“, порачуваат организаторите на Винодонија 2026.

Скопскиот вински салон ќе се одржи на 13 и 14 ноември 2026 година, во хотелот „Мериот“ во Скопје, а влезниците се достапни на официјалната веб-страница: https://vinodonia.mk/.

Детални информации за едукативната програма и влезници за работилниците се достапни на: https://vinodonia.mk/kategorija/rabotilnici/.

Визуел за Винодонија 2026
Преземи креатива

Објава за веб или социјални мрежи

Официјална креатива 2026

1920 × 1280 px

Преземи

Материјали за социјални мрежи

Изберете го форматот што ви одговара. Кликнете на креативата за поголем преглед или преземете ја оригиналната датотека.

Facebook насловна креатива
PNG · 1702 × 630 px

Facebook насловна креатива

Насловна креатива за Facebook страница.

Преземи PNG
Facebook објава · хоризонтална
PNG · 1200 × 630 px

Facebook објава · хоризонтална

Хоризонтална креатива за Facebook објава и споделување линк.

Преземи PNG
Facebook објава · 3:2
PNG · 1920 × 1280 px

Facebook објава · 3:2

Хоризонтална креатива во висока резолуција.

Преземи PNG
Instagram и Facebook објава · 4:5
PNG · 1080 × 1350 px

Instagram и Facebook објава · 4:5

Вертикална објава за Instagram и Facebook.

Преземи PNG
Instagram и Facebook Story · 9:16
PNG · 1080 × 1920 px

Instagram и Facebook Story · 9:16

Вертикална креатива за Instagram и Facebook Story.

Преземи PNG

Винодонија Masters · работилници

Креативи и кратки информации за работилниците. Дел од нив се одржуваат на 12 ноември, пред двата салонски дена.

Креатива за Во светот на винските меурчиња
VINODONIA MASTERS 2026

Во светот на винските меурчиња

12 ноември 2026 · 15:30 часот

Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D

Споредбена дегустација на шест пенливи вина со сомелиерот Александар Вучковски — од шампањ и кава до просеко.

Креатива за Сите лица на Пино Гриџо
VINODONIA MASTERS 2026

Сите лица на Пино Гриџо

12 ноември 2026 · 17:30 часот

Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D

Потекло, тероар и стилови на Пино Гриџо со проф. д-р Климе Белески и сомелиерот Александар Вучковски, со дегустација на шест вина.

Креатива за Зачувајте го срцето, заштитете го умот
VINODONIA MASTERS 2026

Зачувајте го срцето, заштитете го умот

12 ноември 2026 · 19:00 часот

Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D

Едукативно предавање за медицинските сознанија и митовите за виното и здравјето, со д-р Емилија Лазарова и д-р Весна Јорданова.

Креатива за Грузија – Винска земја со 8.000 берби
VINODONIA MASTERS 2026

Грузија – Винска земја со 8.000 берби

14 ноември 2026 · 14:00 часот

Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D

Винската традиција на Грузија со Рамази Инаишвили и Кристина Анѓелкова, со дегустација на шест грузиски вина.

Креатива за Винска авантура низ Шпанија
VINODONIA MASTERS 2026

Винска авантура низ Шпанија

14 ноември 2026 · 16:00 часот

Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D

Шпанските вински региони и седум вина од седум винарии со сомелиерот Александар Миливојевиќ.

Креатива за VRANEC TERROIR
VINODONIA MASTERS 2026

VRANEC TERROIR

14 ноември 2026 · 18:00 часот

Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D

Вертикална дегустација на Vranec Terroir од Камник со енологот Сандра Георгиевска и сомелиерот Јане Неданоски.