
Сандра Георгиевска
Енолог
Винарија Камник
М-р Сандра Георгиевска е главен енолог во винарија Камник, со повеќе од 15 години искуство во винопроизводството. Дел од тимот на „Камник“ е од 2010 година, а од 2018 година ја извршува функцијата главен енолог.
Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, каде што ги продолжила и постдипломските студии по енологија. Своето професионално искуство го надградувала и во Нов Зеланд, каде што учествувала во винска берба и производствен процес.
Покрај својата работа како главен енолог, Сандра има завршено и дополнителна сомелиерска едукација и учествува како оценувач на меѓународни вински натпревари.
Посебно внимание посветува на влијанието на тероарот, карактерот на сортата и потенцијалот за зреење на вината. Нејзиното долгогодишно искуство со вранецот и различните берби на „Камник“ ќе биде во фокусот на дегустацијата VRANÆC TERROIR.

