Vinodonia Masters 2026

Мастер клас

Винска авантура низ Шпанија

Шпанија не се раскажува. Шпанија се доживува.

Датум и час
Локација
Skopje Marriott Hotel
Сала
Meeting Room D

1,000 ден

Цена по лице

Достапни места: 22

Влезницата важи само за оваа работилница. Не вклучува влез на главната изложбена и дегустациска програма на Винодонија.

За работилницата

Шпанија не се раскажува. Шпанија се доживува.

Ве покануваме на возбудливо винско патување низ Шпанија – земја со богата винска традиција, разновидни тероари, автентични локални сорти и препознатливи вински стилови.

Под водство на сомелиерот Александар Миливојевиќ, ќе ги истражиме најпознатите шпански вински региони – од атлантските лозја на Риас Баишас во Галисија, преку впечатливите пејзажи на Приорат и прочуената Рибера дел Дуеро, па сè до Риоха, вистинското царство на врвните шпански вина.

Ќе ги откриеме особеностите на шпанските автохтони сорти, влијанието на климата и тероарот, како и традицијата и современите пристапи во производството на вино.

Во вториот дел од мастеркласот следува дегустација на седум внимателно избрани вина од седум различни шпански винарии, преку кои ќе го запознаеме богатството, разновидноста и автентичниот карактер на шпанскиот вински идентитет.

Винска листа

  1. Rías Baixas – Albariño
  2. White Rioja – White Tempranillo
  3. Priorat – Garnacha
  4. Bierzo – Mencía
  5. Rioja – Old Style Traditional, 100% Tempranillo
  6. Rioja – New Style Modern, Tempranillo-based Blend
  7. Ribera del Duero – Classic, 100% Tempranillo

Винско патување што не се пропушта!

Информации за мастеркласот

  • Датум: Сабота, 14 ноември 2026
  • Време: 16:00 часот
  • Локација: Meeting Room D, Skopje Marriott Hotel
  • Предавач: Александар Миливојевиќ, сомелиер – Grand Cru Wine Saloon
  • Дегустација: 7 вина од 7 шпански винарии
  • Цена: 1.000 денари

Што ќе научите и дегустирате?

  • Шпанските вински региони и нивните тероари
  • Особеностите на шпанските автохтони сорти
  • Влијанието на климата и тероарот врз виното
  • Традицијата и современите пристапи во производството на вино

Дегустација · 7 вина

Региони
Rías Baixas · Priorat · Bierzo · Castilla y León · Rioja · Ribera del Duero
Сорти
Albariño · White Tempranillo · Garnacha · Mencía · Tempranillo

Предавач

Александар Миливојевиќ

Александар Миливојевиќ

Сомелиер

Grand Cru — Wine Saloon

Александар Миливојевиќ е сомелиер со меѓународно образование и богато професионално искуство во винската индустрија, стекнато во Македонија и во странство.

Своето стручно образование го надградувал преку реномираните меѓународни институции Wine & Spirit Education Trust (WSET) и The Court of Master Sommeliers, а поседува и WSET Level 3 Award in Wines, една од меѓународно признатите квалификации за напредно познавање на вината.

Неговата професионална кариера вклучува ангажмани во реномирани ресторани во Дубаи, како и во ресторанот 360 во Дубровник, носител на една Мишелин ѕвезда, каде што бил дел од сомелиерскиот тим.

Во Македонија соработувал со винаријата Chateau Kamnik, а денес е дел од тимот на Grand Cru – Wine Saloon, каде што активно придонесува кон развојот и промоцијата на винската култура.

Во изминатите години, преку бројни тематски дегустации и вински едукативни настани во Grand Cru, Александар ја доближува светската винска сцена до домашната публика. Претставувајќи вина од најразлични региони во светот, нивните автохтони сорти, тероари и вински стилови, тој им овозможува на љубителите на виното да откриваат нови вкусови, традиции и вински приказни.

Како редовен предавач на Vinodonia Masters, Александар има водено мастеркласови и ексклузивни дегустации посветени на значајни светски вински региони, споделувајќи го своето знаење, искуство и страст кон виното со македонската винска публика.

Информации за билетот

Вклучено во цената

  • Учество на мастеркласот
  • Водена дегустација на 7 вина од 7 шпански винарии

Купување и испорака

  1. Изберете број на билети, кликнете „Купи влезница“ и продолжете кон плаќање во кошничката.
  2. По потврдено плаќање, проверете ја е-поштата внесена при нарачката, вклучувајќи ја папката за несакана пошта.
  3. На влез покажете го електронскиот билет на телефон или испечатена копија, со видлив код за скенирање.