Vinodonia Masters 2026

Работилница

Грузија – Винска земја со 8.000 берби

Каде што земјата го чува виното, а времето – традицијата.

Датум и час
Локација
Skopje Marriott Hotel
Сала
Meeting Room D

800 ден

Цена по лице

Достапни места: 19

Влезницата важи само за оваа работилница. Не вклучува влез на главната изложбена и дегустациска програма на Винодонија.

За работилницата

Каде што земјата го чува виното, а времето – традицијата.

Прво официјално винско претставување на Грузија кај нас – земја што се смета за колевка на виното.

Виното таму се создава веќе 8.000 години, а голем дел од традиционалните начини на производство и винските стилови се зачувани и се применуваат и денес.

Патувањето низ мистичните предели на винска Грузија ќе го води нашиот колега сомелиер Рамази Инаишвили.

Во теоретскиот дел ќе се запознаеме со винските региони на Грузија, различните типови тероар, климатските услови и дел од автохтоните сорти грозје, а потоа ќе дегустираме шест вина од различни грузиски сорти, произведени во препознатливи вински стилови.

Во вториот дел ќе му се придружи нашиот познат енолог Кристина Анѓелкова, која ќе ни го пренесе своето искуство со употребата на карактеристичните глинени садови – квеври, кои се користат и во производството на некои македонски вина.

Информации за работилницата

Датум: 14 ноември 2026
Време: 14:00 часот
Локација: Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D
Дегустација: шест грузиски вина
Цена: 800 денари
Капацитет: 24 места

Бројот на места е ограничен. Обезбедете ја вашата влезница онлајн.

Што ќе научите и дегустирате?

  • Винските региони и тероарот на Грузија
  • Климатските услови и автохтоните сорти грозје
  • Дегустација на шест грузиски вина во различни стилови
  • Квеври и нивната употреба во грузиското и македонското винарство

Дегустација · 6 вина

Предавачи

Рамази Инаишвили

Рамази Инаишвили

Сомелиер

Рамази Инаишвили е сомелиер и вински консултант со грузиско потекло, со долгогодишно искуство во винската индустрија, развојот на вински брендови, маркетингот и меѓународната промоција на виното.

Роден во Грузија, од 1987 година живее во Србија, каде што има значаен придонес во развојот на современата винска сцена. Тој е еден од основачите на винаријата Chichateau, а како дел од раководниот тим на винаријата Erdevik учествувал во нејзиниот развој, меѓународна афирмација и пласман на вина на странските пазари.

Неговото професионално искуство ги опфаќа и организацијата на вински манифестации, меѓу кои е Vinski park во Сремска Митровица, како и развојот на нови вински проекти. Во 2025 година му се придружува на тимот на винаријата Veritas во Сремски Карловци.

За својот придонес во винската индустрија, специјализираниот портал Vino.rs го прогласи за „Винска личност на годината“ за 2023 година.

На Vinodonia Masters 2026, Рамази ќе ја претстави богатата винска традиција на својата родна Грузија, земјата што се смета за колевка на виното, водејќи ги посетителите низ нејзините вински региони, автохтони сорти и препознатливи вински стилови.

Кристина Анѓелкова

Кристина Анѓелкова

Енолог

Paragon Urban Winery

Кристина Анѓелкова е македонски енолог и дел од тимот на Paragon Urban Winery, со професионално искуство во производството на вино и примената на традиционални и современи енолошки техники.

Потекнува од Неготино, во срцето на винскиот регион Тиквеш, каде што уште од детството ја развива својата љубов кон лозарството и винарството. Своето образование го стекнува на Универзитетот за прехранбени технологии во Пловдив, Бугарија, каде што студира технологија на вино и пиво.

Како енолог во Paragon Urban Winery, Кристина е дел од тимот што придонесува за обновувањето и развојот на винаријата, со посебен акцент на квалитетот, сортниот карактер и индивидуалноста на вината. Нејзиниот професионален пристап се темели на спојот на традицијата и современите вински технологии, постојаното усовршување и почитувањето на природните карактеристики на грозјето.

Во рамките на Vinodonia Masters 2026, Кристина ќе го сподели своето практично искуство со употребата на квеври – традиционалните грузиски глинени садови, кои наоѓаат примена и во производството на македонски вина.

Информации за билетот

Вклучено во цената

  • Учество на работилницата
  • Водена дегустација на шест грузиски вина

Купување и испорака

  1. Изберете број на билети, кликнете „Купи влезница“ и продолжете кон плаќање во кошничката.
  2. По потврдено плаќање, проверете ја е-поштата внесена при нарачката, вклучувајќи ја папката за несакана пошта.
  3. На влез покажете го електронскиот билет на телефон или испечатена копија, со видлив код за скенирање.