Винодонија 2026 – Десет години винска страст!
Оваа есен повторно се среќаваме на Винодонија!
На 13 и 14 ноември, Skopje Marriott Hotel повторно станува центар на винската култура, домаќин на јубилејното десетто издание на Скопски вински салон – Винодонија 2026.
Ве покануваме на винско доживување кое ги обединува најдобрите вински приказни, новите откритија и луѓето кои ја споделуваат страста кон виното.
Откријте вина од Македонија и странство, запознајте ги винарите, истражете различни вински сорти и стилови и уживајте во атмосфера исполнета со вкусови, разговори и нови пријателства.
Без разлика дали сте искусен познавач или едноставно уживате во чаша добро вино, Винодонија е место каде што секој може да открие нешто ново.
Што вклучува влезницата?
- Влез на Скопски вински салон – Винодонија 2026.
- Дегустација на вина претставени од винариите учесници.
- Можност за директна средба и разговор со винарите.
- Откривање нови вински региони, сорти и вински приказни.
Информации за настанот
Датум: Сабота, 14 ноември 2026
Време: 16:00–22:00 часот
Локација: Skopje Marriott Hotel, Ballroom 1 & 2, Скопје
Влезници
Early Bird – 1.000 денари
Ограничена понуда од само 50 влезници.
Regular – 1.200 денари
Редовна цена по завршувањето на промотивната продажба.
Важни информации
Влезницата важи за едно лице и исклучиво за сабота, 14 ноември 2026 година.
По купувањето ќе добиете електронска влезница со уникатен QR-код на вашата е-пошта. На влезот доволно е да го покажете QR-кодот од вашиот телефон. Не е потребно печатење.
Споделете ја Вашата винска страст!
