Опис
– Вертикална дегустација на архивски примероци од виното „Cuvée de Prestige“ од винарија Камник –
Уште една ексклузивна претстава во режија на најпрестижната македонска винарија Камник што ќе се најде на овогодинешниот репертоар на Винодонија.
Уникатна можност да пробате осум одлично зачувани вина од скапоцената архива на Камник од најдобрите берби назад низ годините, што ќе се служат во различни големини на шишиња, од стандардни 0.75 л. па се до Magnum и Jeroboam (Double Magnum) формати.
Нивниот сомелиер Јане Неданоски ќе нè води назад низ времето на најуспешните берби и ќе ни објасни како разликите во климата и квалитетот на грозјето влијаеле на стилот на нивното повеќепати наградувано „Cuvée de Prestige“.
На крајот, останува на вас да одлучите – која берба е ваш фаворит?
Предавач: Јане Неданоски, сомелиер
Недела, 21 декември – 16:00 ч.
Skopje Marriott Hotel – Meeting Room D (прв кат)
