Опис
Веќе дел од традицијата на Винодонија и редовна „претстава на репертоарот“ во делот на едукативни работилници и мастер класови „Во светот на меурчињата“ истовремено ќе ве освежи, упати и прошета низ широкиот свет на пенливите вина. Многу информации за историјата, начинот на производство, вински региони, категории и видови на пенливи вина, протоколи на сервирање, нивно спарување со храна и се разбира дегустација на различни видови пенливи вина присутни на македонскиот пазар. Одличен и незаменлив начин да го почнете вашето винско патување на овогодинешната Винодонија.
Предавач: Александар Вучковски, сомелиер
13 декември 2024 – 11:00 ч.
Skopje Marriott Hotel
Meeting Room D (прв кат)
Цена: 600 ден.