Опис
Уникатно и несекојдневно предавање за вечно популарната тема за односот помеѓу виното и кардиоваскуларното здравје. Д-р Емилија Лазарова ќе не води низ фактите и податоците за влијанието од умерено консумирање вино врз срцето и неговата комплексна структура и функција, по пат откривајќи помалку познати факти, но и разбивајќи одредени митови кои сме ги негувале. Научете повеќе за вашето срце за да го засакате виното на вистинскиот начин.
Предавач: Д-р Емилија Лазарова, Универзитетска клиника за кардиологија Скопје
14 декември 2024 – 15:00 ч.
Skopje Marriott Hotel
Meeting Room D (прв кат)
Влез слободен