Vinodonia Masters 2026

Работилница

Во светот на винските меурчиња

Датум и час
Локација
Skopje Marriott Hotel
Сала
Meeting Room D

600 ден

Цена по лице

Достапни места: 6

Влезницата важи само за оваа работилница. Не вклучува влез на главната изложбена и дегустациска програма на Винодонија.

За работилницата

Интерактивна едукативна работилница со споредбена дегустација на шест квалитетни пенливи вина, традиционално одржувана на скоро секое издание  на Винодонија. Патување низ светот на пенливите вина и запознавање со нивните приказни преку попатни застанување во регионите и државите кои се синоним за квалитетни и популарни “пенливци”

Од реномираниот Шампањ преку регионите во Франција и Шпанија каде што се произведуваат познатите Кава и Креманти па се до разиграното и певливо италијанско Просеко, ова винско патување ќе ве разбуди и дефинитивно ќе ги заскокотка вашите непца. Одличен начин да ја прославиме заедно оваа јубилејна Винодонија, со илјадници вински меурчиња.

Информации за билетот

Купување и испорака

  1. Изберете број на билети, кликнете „Купи влезница“ и продолжете кон плаќање во кошничката.
  2. По потврдено плаќање, проверете ја е-поштата внесена при нарачката, вклучувајќи ја папката за несакана пошта.
  3. На влез покажете го електронскиот билет на телефон или испечатена копија, со видлив код за скенирање.

Електронскиот билет е наменет за оваа работилница на 12 ноември 2026 во 15:30 часот, во Skopje Marriott Hotel — Meeting Room D.