Опис
Интересен мастер клас преку кој ќе имате можност да се запознаете со една од најценетите и благородни сорти на грозје во светот која што досега ги даде едни од најскапите архивски вина. Роден во студен и суров лозарски регион, Ризлингот со себе сепак носи високо ниво на префинетост, прецизност и елеганција, а бара исклучително високо ниво на посветеност и тежок лозарски труд.
Професорот Климе Белески ќе ве води низ личниот профил на ризлингот запознавајќи ве со соодветната клима и почва што ја бара како и со изгледот и потенцијалот на оваа волшебна сорта. Во вториот пак дел на предавањето заедно со Александар Вучковски ќе дегустирате шест примероци на Ризлинг од различни региони и земји и ќе го пронајдете вашиот омилен стил.
Предавачи: Проф. д-р Климе Белески и Александар Вучковски
- декември 2024 – 13:00 ч.
Skopje Marriott Hotel
Meeting Room D (прв кат)
Цена: 600 ден.