Vinodonia Masters 2026

Предавање

Зачувајте го срцето, заштитете го умот

Улогата на виното во превенција на кардиоваскуларни заболувања и деменција

Датум и час
Локација
Skopje Marriott Hotel
Сала
Meeting Room D

Бесплатен влез

Задолжителна резервација · најмногу 2 влезници по корисник или е-пошта

Достапни места: 8

Влезницата важи само за ова предавање. Не вклучува влез на главната изложбена и дегустациска програма на Винодонија.

За предавањето

Улогата на виното во превенција на кардиоваскуларни заболувања и деменција

Каква е поврзаноста меѓу виното и здравјето на срцето и мозокот? Што велат современите медицински сознанија, а кои верувања се само популарни митови?

Ве покануваме на интерактивно едукативно предавање посветено на една вечно интересна тема – виното и здравјето.

Д-р Емилија Лазарова, кардиолог, и д-р Весна Јорданова, психијатар, ќе нè прошетаат низ две интересни медицински области. Заедно ќе разговараме за поврзаноста меѓу виното и кардиоваскуларното здравје, како и за здравјето на мозокот и ризикот од деменција.

Предавањето е можност да дознаеме повеќе за научните сознанија, да разбиеме некои популарни митови и да поставиме прашања до нашите докторки.

Четврток, 12 ноември 2026 · 19:00 часот
Skopje Marriott Hotel · Meeting Room D

Влезот е бесплатен, со задолжителна претходна резервација. Максимум две влезници по корисник.

Предавачи

Д-р Емилија Лазарова

Д-р Емилија Лазарова

Кардиолог

ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија

Д-р Емилија Лазарова Трајковска, доктор на медицински науки, е специјалист интернист, супспецијалист кардиолог и асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вработена во Националниот центар за кардиоваскуларни заболувања во Скопје.

Зад себе има повеќедецениско клиничко и научно-истражувачко искуство, преточено во бројни научни трудови и предавања по покана на реномирани домашни и меѓународни конгреси.

Покрај медицината, со задоволство подготвува и води едукативни предавања за пошироката публика, поврзувајќи ги љубовта кон винската култура, медитеранскиот начин на живот и научните факти за улогата на виното во превенција на кардиоваскуларните болести.

Д-р Весна Јорданова

Д-р Весна Јорданова

Психијатар

Директор на Spectrum Psychiatry

Д-р Весна Јорданова е консултант-психијатар во британскиот Национален здравствен систем (NHS) и директорка на Spectrum Psychiatry. Има повеќе од две децении клиничко и академско искуство во Обединетото Кралство. Специјализацијата и постдипломските студии ги завршила на King’s College London, а во текот на кариерата имала академски позиции на King’s College London, Imperial College London и Универзитетот во Лестер. Авторка е на бројни научни трудови објавени во меѓународни списанија.

Како посветена едукаторка, таа учествува во додипломската и постдипломската медицинска настава, како и во националните програми за обука на Кралскиот колеџ на психијатри. Во клиничката работа применува терапија заснована на ментализација (MBT), комбинирајќи научен пристап со холистичка поддршка за пациентите и нивните семејства. Преку воспоставување специјализирани клиники и раководење со мултидисциплинарни тимови низ Обединетото Кралство, придонесува за подобрување на дијагностичките патишта и за надминување на бариерите во пристапот до услуги за ментално здравје.

Информации за билетот

Вклучено во резервацијата

  • Учество на предавањето

Резервација и влезница

  1. Изберете 1 или 2 влезници, кликнете „Резервирај влезница“ и завршете ја бесплатната резервација. За нарачка од 0 денари не е потребна платежна картичка.
  2. По потврдена резервација проверете ја е-поштата внесена при нарачката, вклучувајќи ја папката за несакана пошта.
  3. На влез покажете го електронскиот билет на телефон или испечатена копија, со видлив код за скенирање.

Бесплатен влез со задолжителна претходна резервација. Максимум 2 влезници по корисник или е-пошта. Влезниците се испраќаат по е-пошта со уникатен QR код, без PDF прилог.