Vinodonia Masters 2026

Работилница

VRANEC TERROIR

Еден тероар. Уникатен потпис. Време преточено во вино.

Датум и час
Локација
Skopje Marriott Hotel
Сала
Meeting Room D

Ексклузивна вертикална дегустација на внимателно избрани берби на Vranec Terroir од винаријата Камник.

Откријте го влијанието на тероарот и времето врз карактерот на вранецот, со енологот Сандра Георгиевска и сомелиерот Јане Неданоски.

1,800 ден

Цена по лице

Достапни места: 15

Влезницата важи само за оваа работилница. Не вклучува влез на главната изложбена и дегустациска програма на Винодонија.

За работилницата

Вертикална дегустација на Vranec Terroir од винаријата Камник

Еден тероар. Уникатен потпис. Време преточено во вино.

Од височините на Војница, на 550 метри надморска височина, започнува приказната за вранецот низ времето.

Преку дегустација на внимателно избрани берби, откријте како тероарот, времето и визијата на енологот го обликуваат карактерот на виното и создаваат уникатен израз на секоја берба.

Патување низ времето. Различни берби. Еден препознатлив потпис – Камник.

Информации за работилницата

  • Датум: 14 ноември 2026 (сабота)
  • Време: 18:00 часот
  • Место: Meeting Room D, Skopje Marriott Hotel
  • Цена: 1.800 денари

Ограничена количина на влезници – 24.

Што ќе научите и дегустирате?

  • Влијанието на тероарот врз карактерот на вранецот
  • Разликите меѓу внимателно избраните берби
  • Улогата на времето и визијата на енологот
  • Како да го препознаете потенцијалот за зреење и развој на вранецот низ времето

Дегустација

Региони
Војница
Сорти
Вранец
Стилови
Barrique

Предавачи

Сандра Георгиевска

Сандра Георгиевска

Енолог

Винарија Камник

М-р Сандра Георгиевска е главен енолог во винарија Камник, со повеќе од 15 години искуство во винопроизводството. Дел од тимот на „Камник“ е од 2010 година, а од 2018 година ја извршува функцијата главен енолог.

Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, каде што ги продолжила и постдипломските студии по енологија. Своето професионално искуство го надградувала и во Нов Зеланд, каде што учествувала во винска берба и производствен процес.

Покрај својата работа како главен енолог, Сандра има завршено и дополнителна сомелиерска едукација и учествува како оценувач на меѓународни вински натпревари.

Посебно внимание посветува на влијанието на тероарот, карактерот на сортата и потенцијалот за зреење на вината. Нејзиното долгогодишно искуство со вранецот и различните берби на „Камник“ ќе биде во фокусот на дегустацијата VRANÆC TERROIR.

Јане Неданоски

Јане Неданоски

Сомелиер

Винарија Камник

Јане Неданоски е искусен сомелиер и професионалец во винската и угостителската индустрија, со повеќе од 15 години меѓународно искуство стекнато во Македонија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Во текот на својата кариера работел во престижни ресторани во Доха и Дубаи, меѓу кои и Table 9, каде што бил сомелиер и менаџер. Соработувал со меѓународно признати готвачи и угостителски професионалци, а своето винско образование го надградувал и преку Wine & Spirit Education Trust (WSET).

Како дел од тимот на винарија Камник, Јане е посветен на презентацијата на вината, винската едукација и откривањето на нивниот карактер преку дегустација.

На Vinodonia Masters веќе има водено вертикални дегустации на архивски берби од „Камник“, претставувајќи го влијанието на времето, климатските услови и зреењето врз развојот на виното.

На работилницата VRANÆC TERROIR, заедно со енологот Сандра Георгиевска, ќе ги поведе учесниците низ различни берби на вранецот од микролокацијата Војница.

Информации за билетот

Вклучено во цената

  • Учество на работилницата
  • Водена дегустација на внимателно избрани берби

Купување и испорака

  1. Изберете број на билети, кликнете „Купи влезница“ и продолжете кон плаќање во кошничката.
  2. По потврдено плаќање, проверете ја е-поштата внесена при нарачката, вклучувајќи ја папката за несакана пошта.
  3. На влез покажете го електронскиот билет на телефон или испечатена копија, со видлив код за скенирање.

Електронската влезница е наменета за вертикалната дегустација на 14 ноември 2026 во 18:00 часот, во Skopje Marriott Hotel — Meeting Room D.

Влезницата важи исклучиво за конкретната работилница и не вклучува влез на главната изложбена и дегустациска програма на Винодонија.